Најчесто поставувани
прашања
Сè што ве интересира - на едно место

Системот Medtrum TouchCare CGM се состои од четири дела: сензор, трансмитер, USB кабел за напојување на трансмитерот и мобилна апликација Medtrum EasySense на паметен телефон.
Сензорот го мери нивото на гликоза во интерстицијалната течност. На него се наоѓа флексибилен филамент кој се вметнува подкожно, а гликемиските отчитувања се ажурираат на секои две минути. Трансмитерот ги превзема податоците од сензорот и потоа преку bluetooth врска ги праќа на мобилната апликација на вашиот паметен телефон. На тој начин се добиваат читањата на нивото на гликозата во реално време, податоци во графикони и предупредувањата. Предвидено е секој поставен сензор да остане на истото место на апликација најмногу до 14 дена и за тоа време ќе овозможи континуирано следење на гликемијата.
Максималното растојание на трансмитерот од паметниот телефонот е 10 метри. Трансмитерот автоматски, секако ги зачувува податоците за претходните 14 дена.
Медтрум континуирано ги тестира мобилните уреди и ја ажурира базата на податоци за компатибилни уреди. Списокот на моментално компатибилни уреди можете да го најдете ТУКА
За да добивате известувања, предупредувања и аларми на вашиот мобилен уред и да ги користите сите функции на апликацијата, потребно е:
Ако сте ја инсталирале апликацијата на мобилен телефон со iOS оперативен систем:
- Проверете дали Bluetooth е достапен и вклучен на вашиот мобилен уред.
- Проверете дали режимите „Тивко“ и „Не вознемирувај“ се исклучени.
- Проверете дали јачината на звукот на вашиот мобилен уред е доволно силна за да слушате аларми и потсетници.
- Проверете дали се вклучени известувањата за мобилната апликација Medtrum EasySense.
- Проверете дали е дозволено апликацијата да користи WLAN и мобилни податоци.
- Проверете дали вашиот паметен уред е поврзан на Интернет.
- Дозволете мобилната апликација Medtrum EasySense да пристапи до камерата за да ја користи апликацијата за скенирање на серискиот број на предавателот.
- Дозволете мобилната апликација Medtrum EasySense да пристапува до фотографиите за да можете да изберете фотографија за профил на апликацијата.
- Проверете дали мобилната апликација Medtrum EasySense работи и е овозможено да работи во заднина.
- Рестартирајте ја мобилната апликација EasySense откако ќе го рестартирате паметниот уред.
Ако сте ја инсталирале апликацијата на мобилен телефон со Android оперативен систем:
- Проверете дали Bluetooth е достапен и вклучен на вашиот паметен уред.
- Проверете дали е дозволено апликацијата да пристапи до локацијата на уредот за да може да ја користи функцијата Bluetooth.
- Проверете дали нечујниот режим и „Не вознемирувај“ се исклучени.
- Проверете дали јачината на звукот на вашиот паметен уред е доволно силна за да слушате аларми и потсетници.
- Дозволете мобилната апликација Medtrum EasySense да испраќа известувања додека користите други апликации.
- Проверете дали е дозволено апликацијата да користи WLAN и мобилни податоци.
- Проверете дали мобилниот уред е поврзан на Интернет.
- Дозволете мобилната апликација Medtrum EasySense да пристапи до камерата за да ја користи апликацијата за скенирање на серискиот број на предавателот.
- Дозволете мобилната апликација Medtrum EasySense да пристапува до фотографиите за да можете да изберете фотографија за профил на апликацијата.
- Проверете дали мобилната апликација Medtrum EasySense работи и е овозможено да работи во заднина.
- Рестартирајте ја мобилната апликација Medtrum EasySense откако ќе го рестартирате паметниот уред.
Забелешка: Не го менувајте времето на паметниот телефон бидејќи тоа може да предизвика појава на погрешно време на мониторот, што ќе предизвика апликацијата да престане да го прикажува статусот на сензорот.
Не, при замена на сензорот, не е неопходно да се менува серискиот број на трансмитерот. Мора да го промените серискиот број на трансмитерот во апликацијата само кога го менувате самиот трансмитер. Ако го замените трансмитерот, внесете го неговиот сериски број (SN) во апликацијата пред да го поврзете со сензорот. Од главното мени на апликацијата, изберете CGM, потоа постоечки сериски број и изберете – Промени сериски број. Со помош на камерата, можете да го скенирате QR-кодот отпечатен на задната страна на трансмитерот или од кутијата на трансмитерот. Можете и рачно да го внесете серискиот број во апликацијата – Внесете го серискиот број рачно.
Актуелниот EN ISO 15197:2013 вели дека 95% од сите резултати на BGM мора да бидат во рамките на +/- 15% од референтното мерење (YSI). Сензорот работи попрецизно по подолго носење. Нивото на гликоза мерено со сензорот за гликоза не е секогаш идентично со вредностите на гликозата во крвта по калибрацијата, бидејќи CGM координира неколку претходни вредности внесени за време на калибрацијата. Затоа, отчитувањата на SG не се модифицираат само со последната калибрација.
CGM не го мери нивото на гликоза од крвта, туку во интерстицијалната течност каде вредноста на нивото на гликоза се појавува со 15 до 30 минути доцнење. Со самото тоа, вредностите се разликуваат. Калибрацијата на CGM системите го претвора отчитувањето на гликоза од сензорот во ниво на гликоза во крвта.
Доколку на Medtrum TouchCare CGM во поставки подесите – Фабичка калибрација, системот ќе побара калибрација само при поставување на нов сензор. Ако не ја изберете оваа опција, системот ќе бара калибрација два пати дневно, а во корист на поголема прецизност. Треба да го калибрирате уредот најмалку еднаш на секои 24 часа во следните денови за времетраењето на животот на сензорот. Разликите не се невообичаени.
Може да има доцнење во промената на концентрацијата на гликоза во меѓуклеточната (интерстицијална) течност и крвта. Кога вредностите брзо се менуваат, на пример после оброк богат со прости јаглехидрати кои обично имаат висок гликемиски индекс, разликите помеѓу отчитувањата на сензорот и глукомерот може да бидат поголеми. Ако глукомерот покажува 5,6 mmol/L (100 mg/dL) или помалку, отчитувањата на CGM треба да бидат во рамките на ±1,1 mmol/L (20 mg/dL). Ако мерачот покажува 5,6 mmol/L (100 mg/dL) или повеќе, отчитувањата на CGM треба да бидат во рамките на ±20%.
Ако читањата на CGM се надвор од горенаведените опсези препораката е следна:
- Проверете дали има дополнителен притисок врз сензорот. На пример, во текот на ноќта, во сон, може да го потиснеме со сопоствената тежина.
- Рекалибрирајте кога ќе се стабилизираат вредностите на гликозата на сензорот.
Препорака е калибрацијата да се направи кога вредностите на гликоза измерени со сензорот се стабилни:
- Пред појадок и пред вечера
Калибрацијата на CGM не се препорачува кога вредностите на гликоза измерени со сензорот се нестабилни:
- За време на вежбање
- По инјекциите
- За време на оброците или до 2 часа по оброците
Измијте ги рацете темелно со сапун и вода. Избришете го избраното место за апликација со алкохол и почекајте местото да се исуши. Оваа постапка помага да се спречи инфекција. Сензорот да НЕ се аплицира се додека добро не се исуши исчистената површина со алкохол. На овој начин адхезивот, лепливата површина, ќе се залепи подобро.
Сензорот е во стерилното пакување. Отстранете ја задната, хартиена страна на пакувањето и извадете го сензорот од кутијата. По отворањето на пакувањето, избегнувајте допирање на која било површина на сензорот што ќе дојде во контакт со телото, т.е. лепливата површина. Потоа нежно излупете ја дводелната заштитна фолија од адхезивот, лепливиот дел. Држете го сензорот на апликаторот и обидете се да не ја допирате лепливата површина.
Ако го ставате сензорот на стомакот или долниот дел на грбот, поставете го сензорот хоризонтално на кожата. Ако го ставате сензорот на надлактицата, поставете го сензорот вертикално. Поминете со прстите преку лепливата подлога за да се залепи на кожата. Потоа, притиснете благо и врз апликаторот за да се залепи убаво средишниот дел.
Држете го сензорот за гликоза со едната рака, а со палецот и показалецот од другата рака, отстранете го блокаторот од апликаторот. Блокаторот зачувајте го. Потоа, истовремено притиснете ги двете црни копчиња на апликаторот за филаментот да влезе под кожа. По аплицирањето на сензорот, со едната рака притиснете ги ребрестите рачки на краевите на куќиштето наменето за трансмитерот, а со другата рака, ротирајте го апликаторот приближно 40°. Кога портокаловата ознака на триаголникот на апликаторот ќе се израмни со портокаловата линија на куќиштето за поддршка на трансмитерот од сензорот, отстранете го апликаторот вертикално. Сето време со едната рака придржувајте го сензорот. Тогаш, на кожата ќе остане само потпорното куќиште од сензорот наменето за трансмитер. Прицврстете го блокаторот на отстранетиот апликатор за да го затворите отворот и да ја скриете употребената иглата внатре. Ставете го трансмитерот во куќиштето за поддршка на сензорот на принцип „клик“. Кога ќе го поставите трансмитерот индикаторот со зелено светло ќе трепне три пати, сигнализирајќи дека е правилно поврзан со сензорот. Потоа, зеленото светло ќе трепне уште 6 пати во рок од една минута, сигнализирајќи дека уредот завршил со само-тестирање. По оваа постапка, ќе биде потребен еден час за да се загрее сензорот и да почне со работа. Ако заменувате стар сензор со нов, проверете дали трансмитерот е исклучен најмалку 90 секунди пред да го поврзете со новиот сензор.
При изборот на место за поставување на сензорот, обрнете внимание на следново:
- Сензорот да ви е на дофат на рака
- Местот на негово аплицирање на кожата да е со рамна површина и со доволно поткожно масно ткиво
- Местото каде што сте го поставиле сензорот на кожата да остане на рамна површина без превитување и за време на вообичаените дневни активности.
Кога избирате каде да го поставите сензорот, избегнувајте:
- Места каде облеката го ограничува дофатот
- Заоблени или цврсти области со со силни мускули или коски
- Места кои имаат голем опсег на движења за време на вежбањето
- Области на кожата со лузни, тетоважи или иритација
- Екстремно влакнести области на кожата
- Оддалеченост најмалку од 7,5cm (3 инчи) од местото на инфузискиот сет на инсулинската пумпа или местото на рачно инјектирање на инсулин.
Направете ротирачки распоред за поставување на сензорот. На пример, лева рака, па десна рака, лев бут па десен бут, абоднем десно па потоа лево. Ако сензорот се аплицира постојано на исто место процесот на заздравување на кожата ќе успори и може да дојде до појава на лузни или да предизвика иритација на кожата.
Ако го аплицирате сензорот на стомакот или долниот дел на грбот, поставете го сензорот хоризонтално. Ако го аплицирате сензорот на надлактицата, поставете го вертикално.
Medtum TouchCare сензорот обезбедува читања на гликоза до 14 дена. Сесијата на сензорот автоматски се прекинува по истекот на сензорот и потоа читањата на гликозата не се прикажуваат на мобилната апликација на вашиот телефон. Неопходно е да се отстрани сензорот по истекот на неговиот рок.
Зафаќајќи го адхезивот, лепенката на кожата, со едно континуирано движење нежно отстранете го сензорот на кој е поставен трансмитерот. Потоа, притиснете ги ребрестите јазичиња од двете страни на куќиштето за поддршка на трансмитерот и внимателно отсранете го од сензорот. Трансмитерот останува во употреба за следните сензори. НЕ фрлајте го по една употреба на сензорот. Употребениот сензор со куќиште фрлете го во соодветна канта за отпадоци. Трансмитерот може повторно да се користи бидејќи содржи батерија што се полни. Ако заменувате стар сензор со нов, проверете дали трансмитерот е исклучен од стариот сензор најмалку 90 секунди пред да се поврзете со новиот сензор.
Сензорот треба да остане на вашата кожа најмногу 14 дена користејќи сопствено лепило. Меѓутоа, ако забележите дека тој не се прилепува добро на кожата, можете да користите самолеплива медицинска лента (фластер) или кинезиолошка трака за дополнителна поддршка. Леплива лента нанесувајте ја исклучиво преку белата леплива подлога од сите страни за рамномерна поддршка. НЕ ставајте од дополнителната леплива поддршка никогаш врз трансмитерот или пластичните делови на куќиштето за поддршка.
Доколку ваш избор за апликација на сензорот е надлактица, секогаш можете да ги користите Sensor Protect држачите, за дополнителна поддршка на сензорот.
Често проверувајте го местото каде е поставен сензорот заради превенција од инфекција или воспаление. Доколку се појават симптоми на иритација како што се црвенило, оток или болка, отстранете го сензорот и побарајте стручна медицинска помош.
Ако се појави крварење на местото на поставување на сензорот, кое настанува ради повреда на плитките, подкожни крвни садови и капилари, не поставувајте го во куќиштето трансмитерот, а се додека крварењето не престане. Цврсто притиснете со стерилна газа или чиста крпа врз сензорот три минути. Ако крварењето престане, поврзете го трансмитерот со сензорот. Ако крварењето не престане, отстранете го сензорот, направете се што е потребно за да го запрете крварењето и ставете нов сензор на друга локација.
Компанијата Medtrum Technologies Inc. („Medtrum“) гарантира дека трансмитерот нема да има материјални и работни дефекти во период од една година, од првичниот датум на испорака на трансмитерот до крајниот корисник (гарантен период). За време на гарантниот период Medtrum ќе го поправи или замени (со нов или повторно ресертифициран трансмитер, по проценка на Medtrum) кој било дефектен трансмитер, согласно условите и одредбите наведени во гарантниот лист. Оваа гаранција важи само за нови уреди и во случај трансмитерот да биде поправен или заменет, гарантниот рок нема да се продолжи.
Оваа гаранција важи само ако трансмитерот се користи во согласност со упатствата за негова употреба на Medtrum и нема да се применува ако:
- Оштетување настанало од страна на корисникот или трети лица по датумот на производство;
- При оштетување кое произлегло од сервисирање или поправка на трансмитерот од кое било друго лице кое нема овластување од Medtrum;
- Доколку трансмитерот се користи со кој било друг сензор што не е произведен од Medtrum;
- Доколку трансмитерот се користи заедно со додатоци, помошни производи или периферна опрема, без разлика дали е хардвер или софтвер, а не е испорачан или одобрен од Medtrum.
- При штета предизвикана од виша сила или кој било друг настан надвор од упатствата за употреба на Медтрум; или ако штетата се должи на невнимание или неправилна употреба, вклучително, но не ограничувајќи се на неправилно складирање или невнимателно ракување, како што е паѓање или друго неправилно ракување.
Сензорот се складира и се чува на температура помеѓу 2°C (36°F) и 30°C (86°F) и на релативна влажност помеѓу 20% и 90% за целиот век на траење на сензорот. На температури над 30°C, сензорот треба да се чува во оладена средина, но со температури не пониски од 2°C. Сензорот можете да го ставите и во фрижидер под услов температурата да е во наведениот температурен опсег. Сензорот никогаш не се чува во замрзнувач.
Доколку имало потреба да го складирате сензорот во фрижидер во горе посочениот температурен опсег, пред апликација оставете го краток период на собна температура за да спречите кондензација. Неправилното чување на сензорот може да предизвика неточни отчитувања на гликозата, што може да резултира со пропуштање на ниско или високо ниво на гликоза во крвта.
Трансмитерот се чува на температура помеѓу -10°C (14°F) и 55°C (131°F) и на релативна влажност помеѓу 20% и 90%.
Сензорот е водоотпорен. Најважно е трансмитерот да е правилно поставен во неговото потпорно куќиште на сензорот додека се туширате или пливате. CGM системот е водоотпорен до длабочина од 2,5 m, до 60 минути. Сепак, топлата вода може да го скрати животниот век на сензорот. Откако ќе го изложите производот на вода, исплакнете го со чиста вода и исушете го со крпа. Предупредување: Испраќањето информации од сензорот до предавателот може да биде неправилно додека сте во вода. НЕ ги изложувајте сензорот и трансмитерот на длабочини на вода поголеми од 2,5 метри (8 стапки) и подолго од 60 минути. Често проверувајте дали CGM системот е безбедно прикачен и правилно поставен.
Не. Прво, работната температура на сензорот е помеѓу +2°C и +30°C. Второ, ако одите во сауна, може да се случат големи гликемиски флуктации кои влијаат врз точноста на мерењата на CGM системот.
Не. Вашиот сензор (вклучувајќи го и трансмитерот) е водоотпорен до длабочина од 2,5 метри во рок од 60 минути (IPX8). Тоа значи дека максималниот притисок што уредот може да го издржи е притисок до 2,5 метри под вода. Можете да се туширате или да пливате со уредите, но ако нуркате, притисокот на водата може да биде преголем за уредот и да го расипе.
Системот CGM може да биде под влијание на силно радиациско зрачење и магнетни полиња. Ако треба да бидете подложени на рендгенски зраци (RTG), магнетна резонанца (MR), компјутерска томографија (CТ) или други форми на зрачење, отстранете ги сензорот и предавателот и чувајте ги подалеку од областа на примена на овие постапки. Заменете го сензорот откако ќе го завршите снимањето.
Системот за континуирано следење на гликозата Medtrum TouchCare може да генерира, да користи и зрачи радиофрекфентна енергија која може да предизвика пречки во радио комуникациите. Не постои гаранција дека нема да дојде до пречки во одредена инсталација. Ако системот за континуирано следење на гликозата предизвикува штетни пречки на радио или телевизискиот прием, може да се обидете да ги отстраните пречките со примена на следниве мерки:
- Отстранете го или преместете го Medtrum TouchCare CGM системот
- Зголемете го растојанието помеѓу системот за континуирано следење на гликозата и другиот уред што емитува/прима пречки.
Вообичаените електронски уреди за широка потрошувачка кои го користат истиот фреквентен опсег на пренос како и системот за континуирано следење на гликозата Medtrum TouchCare може да ја спречат комуникацијата помеѓу трансмитерот и паметниот уред. Сепак, овие пречки не предизвикуваат испраќање неточни податоци и не предизвикуваат никаква штета на вашиот паметен телефон.
Трансмитерот (MD1026) се користи исклучиво со сензорот за глукоза Medtrum (MD3026). За безбедност на потрошувачите, трансмитерот е подложен на опширни тестирања за да се потврди неговата компатибилност со гликемискиот сензор произведен и дистрибуиран од Medtrum. Препорачуваме користење на сензорот за глукоза Medtrum бидејќи не можеме да обезбедиме гаранција ако системот за континуирано следење на гликозата се користи, односно трансмитерот се користи со сензор од други производители. Соодветно на тоа, ние немаме одговорност за каква било неправилоност на системот за континуирано следење на гликозата што може да настане од таквата непрепорачана употреба.
НЕ користете средства за чистење во домаќинството, хемикалии, растворувачи, белило, сунѓери или остри инструменти за чистење на трансмитерот. Можете да користите мали количини изопропил алкохол за чистење на површината на трансмитерот. Трансмитерот НЕ се чисти машински и НЕ се мие со топла вода. НЕ користете фен за коса, микробранова печка или стандардна печка за сушење на трансмитерот. Користете мека крпа за бришење. НЕ чистете ниту еден дел од системот додека системот е во употреба.
Изберете ја опцијата Мени во горниот лев агол за да го отворите Главното Мени од кое можете да пристапите до сите функции на мобилната апликација Medtrum EasySense: Мониторинг, Континуирано следење на гликоза (CGM), Статистика, Настани, Потсетници, Поставки и Предупредувања/Аларми.
Мобилната апликација EasySense е достапна за оперативните системи iOS и Android. Ако користите паметен телефон со системот iOS, можете да ја преземете мобилната апликација од App Store. Ако користите паметен телефон со Android оперативен систем, можете да ја преземете мобилната апликација од продавницата на Google Play. Паметниот уред на кој ќе ја инсталирате апликацијата и полначот за тој паметен уред мора да се усогласат со одредбата на IEC60950-1. Ако ограничувањата на оперативниот систем на вашиот уред се променети или ограничени, престанете со инсталација на апликацијата. За информации за тоа како да инсталирате апликации, погледнете во упатството за употреба на вашиот паметен телефон. Мобилната апликација Medtrum EasySense нема можност да ги уредува или менува поставките на вашиот паметен телефон.
Проверете дали вашиот паметен телефон е поврзан на Интернет. Отворете ја мобилната апликација Medtrum EasySense и пристапете до екранот за најавување. Ако веќе имате отворена сметка на Medtrum, проверете ја иконата со национално знаме во горниот десен агол и изберете ја земјата што сте ја избрале при регистрацијата, а потоа најавете се со вашето корисничко име и лозинка. Ако сè уште немате отворена сметка на Medtrum, изберете ја опцијата Регистрирај се во долниот лев агол за да пристапите до екранот за регистрација. Внесете ја вашата адреса за е-пошта (E-Mail) како име на сметката. Изберете ја опцијата Барај код и ќе добиете шестцифрен број за потврда во е-пошта испратена до вас од тимот на Medtrum. Проверете и во спам папката, во случај е-поштата да заврши во неа. Внесете го шестцифрениот код за потврда. Погрижете се за временската рамка од 24 часа во која ќе можете да го потврдите кодот, во спротивно ќе треба да побарате нов код за потврда и потоа да го внесете последниот код што ви е испратен. Внесете го вашето име и презиме за да може здравствениот работник по потреба лесно да ве идентификува. Направете лозинка и запомнете ја. Проверете ја иконата на десната страна за да ја видите лозинката што ја внесовте. Лозинката мора да содржи знаци од три од следните четири категории:
- големи букви од англиската азбука (А до Z)
- мали букви од англиската азбука (а до z)
- Бројки од 0 до 9
- специјални знаци кои не се дел од азбуката: ~!@#$%^&*()_-+=`{}|[]\:”;'<>,.
- Лозинката мора да содржи помеѓу 6 и 20 знаци
- Лозинката мора да биде различна од вашето корисничко име (вашата адреса на е-пошта)
- Лозинката не смее да содржи три последователни броеви (на пр. 123, 321)
- Лозинката не смее да содржи три последователни букви (на пр. abc, cba)
- Лозинката не смее да содржи празни места
Потоа продолжете на опцијата Next. Откако ќе ја прочитате и прифатите Политиката за приватност и Условите за користење, штиклирајте го полето со знакот за точно како потврда и изберете ја опцијата Креирај сметка за да станете регистриран корисник на Medtrum. Потоа вратете се на екранот за најава и најавете се користејќи ја адресата на е-пошта и лозинката што сте ги создале.
Ако не сте го додале серискиот број на трансмитерот во апликацијата, следно што треба да направите е да го додадете серискиот број на трансмитерот (SN) на основниот екран за следење. Или можете да проверите во опцијата Додај Трансмитер во менито на CGM. Користејќи ја камерата, можете да го скенирате QR-кодот отпечатен на задната страна на трансмитерот или на неговата кутија, амбалажа. На екранот потоа ќе се појави серискиот број на трансмитерот. Проверете дали се совпаѓа со серискиот број отпечатен на самиот трансмитер. По потврдата, тој автоматски ќе се спари со апликацијата. Ако не можете да ја користите функционалноста за скенирање во апликацијата, изберете ја опцијата Рачно внесување сериски број за да продолжите на следниот екран и внесете го серискиот број на предавателот.
Ако не сте ја конектирале апликацијата со сензорот, изберете ја опцијата Поврзи сензор на екранот за следење или можете да го поврзете сензорот со избирање на опцијата Поврзи сензор во менито CGM.
Во случај да се изгуби сигналот од сензорот, изберете ја опцијата Find Lost Sensor во менито CGM за повторно да го поврзете сензорот.
Иконата Transmitter Signal ја прикажува јачината на сигналот на Bluetooth конекцијата помеѓу трансмитерот и вашиот паметен телефон. Иконата Додај Настан служи како кратенка за додавање настан. Делот Настани содржи важни информации. Делот Статус на сензорот во реално време ја прикажува моменталната состојба на сензорот. Стрелката за динамика на движење на гликозата ја покажува брзината и насоката на движењето на гликозата. Доколку ја изберете опцијата за користење на сензорот без Фабричка Калибрација, иконата за калибрација ќе се полни се повеќе со црвена боја како што се приближува следното време за калибрација на сензорот. Тековната состојба на сензорот се прикажува под иконата за калибрација: следете кога сензорот и трансмитерот работат правилно и податоците за гликемијата и нејзинотото движење се испраќаат од сензорот до апликацијата. Под статусот на сензорот има информации за преостанатото времетраење на сензорот. Графиконот ја покажува динамиката на движењето на гликозата во последните 3, 6 или 9 часа.
Тековната состојба на сензорот се прикажува под иконата за калибрација и таму можете да се појават следните предупредувања:
- Сензорот не е калибриран – по загревањето.
- Следење на работатата на сензоротот и трансмитерот, и испраќање на добиените гликемиски мерења од сензорот до апликацијата.
- Потребна е калибрација по истекот на времето од последната калибрација – ако во поставки не е избрана Фабричка Калибрација.
- Грешка при калибрација, ако последната калибрација е неуспешна.
- Изгубена конекција со сензорот.
- По предвиденото времетрање, истекување на сензорот, предупредување кое укажува на истото.
- Кога сензорот не работи правилно нема отчитување.
- Грешка, не работи активниот сензор.
- Грешка на трансмитерот – кога трансмитерот не работи правилно.
- Предупредување за празна батерија на трансмитерот. Наполнете го трансмитерот.
- Поврзување на сензор и трансмитер, кога се неправилно поврзани.
Стрелките на треднот на движење на гликозата ја покажуваат брзината и насоката на движење на крвниот шеќер:
По поврзувањето на трансмитерот со нов сензор, потребен е еден час за сензорот да почне со работа, да се загрее. По загревањето, можете да го калибрирате и да ја следите состојбата во реално време.
Откако сензорот ќе заврши со загревањето, кликнете на иконата за калибрација на екранот за следење за да пристапите до екранот за калибрација. Изберете ја опцијата Глукометар и внесете ја моменталната вредност на гликозата измерена од капиларна крв. Или изберете Лабораториска калибрација и внесете ја вредноста на гликозата измерена од венската крв. Времето на земање мостри од венска крв мора да биде од 8 минути до 2 часа пред тековното време. Доколку во поставки не сте ја подесиле опцијата Фабричка Калибрација, првиот ден потребно е да се калибрира сензорот два пати на секои 12 часа, а потоа еднаш на секои 24 часа почнувајќи од вториот ден за да се обезбеди точност на мерењето. Апликацијата ќе ве извести кога е потребна калибрација. По првичната калибрација, на мониторот ќе се прикажат податоците од отчитување на гликозата во релно време.
Се препорачува калибрацијата да се направи кога вредностите на гликоза измерени со сензорот се стабилни, на пример:
- Пред појадок или пред вечера
Калибрацијата на CGM системот не се препорачува кога вредностите на гликоза измерени со сензорот се нестабилни, на пример:
- За време на вежбање
- По болусни дози инсулин
- За време на оброците или 2 часа по оброците
Можете да ги прегледате податоците за движење на гликозата за секој ден кога сензорот бил поврзан со вашата сметка со избирање на посакуваниот ден. Делот за основна статистика вклучува минимални, максимални и просечни вредности на гликоза на сензорот и бројот на хипогликемични епизоди (под 3,1 mmol/L / 56 mg/dL). Делот за статистика го вклучува процентот на посакуваната, целна гликоза на сензорот (време минато во опсег – TIR, поставено од корисникот), процентот на високи вредности на гликоза (над горната граница на целниот опсег), процентот на ниски вредности на гликоза (под долната граница на целниот опсег) и процентот на хипогликемични епизоди (под 3,1 mmol/L / 56 mg/dL).
Можете да го исклучите сензорот со избирање на Disconnect Sensor од менито CGM.
Проверете ја безбедноста на сметката на мониторот со поставки за да пристапите до екранот за безбедност на сметката. Проверете го полето Лозинка за да ја смените лозинката.
Изберете Code Lock за да поставите четирицифрена шифра за да дозволите пристап до апликацијата. Внесете го кодот повторно. Ако кодот е точен, ќе ја активирате опцијата Code Lock. Кога е активирана опцијата за заклучување со код, ќе треба да го внесете точниот код за да пристапите до мобилната апликација Medtrum EasySense. Ако сакате да ја исклучите опцијата за заклучување на кодот, треба да го внесете точниот код.
Во поставки на Settings побарајте ја опцијата Reset. Доколку ја одберете опцијата Reset можете да ги вратите поставките на апликацијата на фабрички поставки. Кога апликацијата е поврзана со активен сензор, функцијата за ресетирање НЕ е можна.
Ако сте корисник на iPhone, повлечете надесно на заклучениот екран или на почетниот екран за да се прикажат кратенките. Во кратенката за апликацијата EasySense, можете да ги видите податоците за континуирано следење на гликозата во реално време, вклучувајќи го последното читање на сензорот, стрелката за трендот на движење на гликозата, иконата за калибрација и статусот на сензорот. Со допирање на опцијата Прикажи Повеќе, можете да видите крива со вредности на гликоза во изминатите 6 часа.
Ако сте корисник на паметен телефон со Android оперативен систем, повлечете надолу за да се прикажат известувањата на апликацијата EasySense.
- Кога ќе ја поврзете апликацијата со трансмитерот, проверете дали серискиот број (SN) се совпаѓа со оној напишан во апликацијата.
- Проверете дали трансмитерот е правилно поврзан со сензорот.
- Поставете го вашиот паметен телефон поблиску до трансмитерот.
- Проверете дали Bluetooth конекцијата е достапна и вклучена на вашиот паметен телефон.
- Отворете го главното мени > CGM > Lost Sensor, допрете за да се обидете повторно да го поврзете сензорот.
- Никогаш НЕ го активирајте режимот за штедење на батерија. Во спротивно, апликацијата ќе престане да испраќа податоци во заднина.
- (Apple уред) Исклучете го Airdrop.
- (Apple уред) Вклучете го освежувањето на апликацијата во заднина за EasySense.
- (Android уред) Дозволете мобилниот телефон и апликацијата да пристапуваат до локацијата на уредот постојано.
- (Андроид уред) Ако вашиот уред има опција за заклучување на работа со податоци во заднина, користете ја.
- Исклучете ги другите апликации во заднина што не ги користите.
- Исклучете го CGM системот на вашата апликација и вклучете го повторно. Почекајте 5 минути апликацијата повторно да се поврзе со сензорот.
- Одјавете се и повторно најавете се на вашата сметка во апликацијата EasySense. Почекајте 5 минути апликацијата да се поврзе со сензорот.
- Рестартирајте го паметниот телефон и рестартирајте ја мобилната апликација Medtrum EasySense. Почекајте 5 минути апликацијата да се поврзе со сензорот.
- Ако ништо од горенаведеното не го реши проблемот, физички одвојте го трансмитерот од сензорот. По 60 секунди поставете го повторно во куќиштето за подршка врз сензорот. Индикаторот со зелено светло на трансмитерот треба да трепне три пати. Ако видите три трепкања, трансмитерот е електронски поврзан со сензорот.
- Проверете дали функцијата Bluetooth на вашиот паметен уред работи правилно. Тоа може да го направите со поврзување на други Bluetooth уреди со вашиот паметен телефон. Рестартирајте го паметниот талефон и обидете се повторно да го поврзете сензорот.
- Ако не забележите зелено светло на индикатророт на трансмитерот, заменете го сензорот. Ако не можете да ја поврзете апликацијата со новиот сензор, сменете го трансмитерот.
– Проверете дали трансмитерот е во опсег на Bluetooth фреквенцијата за поврзување (10 метри) и дали апликацијата EasySense работи во заднина.
– Поставете го вашиот паметен телефон поблиску до трансмитерот.
– Проверете дали Bluetooth конекцијата на вашиот уред е достапна и вклучена.
– НЕ го вклучувајте режимот на штедење на батерија. Во спротивно, апликацијата ќе престане да испраќа податоци во заднина.
– (Apple уред)) Исклучете го Airdrop.
– (Android уред) Дозволете апликацијата да пристапува до локацијата на уредот кога за да може да ја користи Bluetooth опцијата.
– (Android уред) Ако уредот има заклучување заднина, чувајте ја заднината заклучена.
Ако на екранот на апликацијата EasySense се појави „Server Unavailable“, проверете ја вашата интернет конекција и дозволете апликацијата EasySense да користи WLAN или мобилни податоци.
Кога ќе се појави предупредувањето VALUE BELOW 3,1 mmol/L, апликацијата ќе произведе предупредувачки звук дури и ако телефонот е исклучен.
Одберете CGM на екранот со поставки. Предупредувања за висина на ниво на гликоза (поставката е исклучена). Откако ќе ја одберете, ја вклучувате нејзината функција за предупредувања, па можете да ја видите следната листа на поставки за предупредувања:
- Висока/Ниска вредност: Стандардната поставка за висока и ниска гликоза е исклучена. Откако ќе ја вклучите опцијата Висока гликоза, можете да поставите до осум горни граници во текот на денот и да добивате предупредувања кога вредноста на вашата гликоза во крвта е над поставената горна граница. Откако ќе ја вклучите опцијата Ниска гликоза, можете да поставите до осум пониски прагови во текот на денот и да добивате предупредувања кога вашата гликоза е под зададениот долен праг. Највисоката горна граница и најниската долна граница меѓу сите временски сегменти се користат за одредување на високата вредност на гликозата, целната вредност на гликозата (посакувано време во опсег) и вредноста на ниската гликоза на мониторот за анализа на трендот. Екранот за статистика содржи повеќе информации.
- Предвидена висока вредност: Стандардната поставка е исклучена. Откако ќе ја вклучите опцијата за предвидување на високи нивоа на гликоза и ќе поставите временски интервал, можете да добивате аларми со предупредувања дека нивото на гликоза ќе ја достигне поставената горна граница во поставениот временски интервал. Можете да ја поставите должината на временскиот интервал од 5 до 30 минути во интервали на 5 минути.
- Предвидена ниска вредност: Стандардната поставка е исклучена. Откако ќе ја вклучите опцијата предвидување на ниски нивоа на гликоза и ќе поставите временски интервал, можете да добивате аларми со предупредувања дека нивото на гликоза ќе го достигне зададената ниска граница во поставениот временски интервал. Можете да ја поставите должината на временскиот интервал од 5 до 30 минути во интервали на 5 минути.
- Брзорастечки тренд: Стандардната поставка е исклучена. Откако ќе ја вклучите опцијата за скок на гликоза и ќе поставите праг на стапка на пораст, може да добивате предупредувања кога вашата гликоза се зголемува побрзо од прагот на стапката на пораст што сте го поставиле. Може да ја поставите границата на стапката на пораст од 0,065 mmol/L/min до 0,275 mmol/L/min (1,1 mg dL/min до 5,0 mg/dL/min) во чекори од 0,005 mmol/L/min (0,1 mg/dL/ мин).
- Ненадеен пад на вредноста: Стандардната поставка е исклучена. Откако ќе ја вклучите опцијата за oпаѓање на гликоза и ќе поставите праг на стапка на пад, може да добивате предупредувања кога нивото на гликоза во крвта ќе ви падне побрзо од прагот за стапка на пад што сте го поставиле.
Горните и долните гранични вредности може да се прилагодат во менито Поставки. Означете CGM на екранот со поставки. Високата граница и ниската граница во сите временски сегменти се користат за одредување на високите вредности на гликоза, целнното ниво на гликоза (посакуван опсег) и ниските вредности на гликоза на екранот за анализа на трендови.
Проверете во Општи поставки на мониторот со поставки. Овде можете да го вклучите/исклучите звукот и вибрациите, да поставите време на одложување од 10 минути до 3 часа за алармите и да ги приспособите поставките. Кога ќе се појави предупредувањето ПОД 3,1 mmol/L, апликацијата ќе го огласи предупредувањето дури и ако звукот е исклучен.
Овде мониторот ја прикажува дистрибуцијата на информации од читањата на сензорот за одреден број денови (7, 30 или 90) по зададен датум, кој што може да се промени со избирање на ден или со допирање на стрелките назад/напред.
Високо: над зададената горна гранична вредност
Целна: помеѓу горните и долните гранични вредности
Ниско: под зададената долна гранична вредност
Горните и долните гранични вредности може да се постават во Менито за Поставки. Mониторот со поставки за CGM содржи повеќе информации. По изборот на колона, процентите за висока, во опсег и ниска гликоза, како и бројот на хипогликемични епизоди ќе бидат прикажани во полето за приказ со текст во сива боја.
- Додавање вредност на гликемија во капиларна крв. Изберете ја опцијата Fingersticck Test или Laboratory Calibration за да го изберете методот на тестирање. Внесете ја гликемиската вредност.
- Додавање на тип на инсулинска терапија. Изберете го типот на инсулин од опциите: Неодреден, Ултра кратко дејство, Кратко дејство, Средно долго дејство, Долго дејство и Комбиниран. Внесете ги едниците на инсулин.
- Додавање на количина на јаглехидрати во грамови.
- Додавање на активности за вежбање. Внесете го типот на активност (по избор) Изберете го интензитетот и времетраењето на активноста.
- Останато. Проверете во Белешки за да додадете белешка за други здравствени информации како што се лековите што ги земате и менструалниот циклус.
Овој екран ја прикажува распределбата на отчитувањата на сензорот во одреден број денови (7, 30 или 90) за зададен датум што може да се промени со избирање на ден со стрелките назад/напред. Табелата за резиме на настани го вклучува бројот на тестови за гликоза во крвта и просечната вредност на гликозата во крвта (BG), број, количина на јаглехидрати во грамови, вкупно инсулински единици кои се инјектираат и бројот и времетраењето на активностите за вежбање.