Medtrum TouchCare Nano Pump
Најмала, најлесна patch инсулинска пумпа без катетри
Водоотпорна и дискретна
За контрола на инсулинската пумпа изберете дали ќе го користите вашиот паметен телефон (преку EasyPatch App) или уредот за персонално управување PDM (Personal Diabetes Manager).
До 3 дена континуирана администрација на инсулин што заменува повеќекратни дневни инјекции
Инсулинската пумпа може да се носи на надлактица, абдомен, долниот дел на грбот или бутовите, односно на сите места на кои може да се аплицира инсулин
Нема заплеткување на катетрите како кај останатите инсулински пумпи
Лесно програмирање и испорака на индивидуалните базал-болус потреби на инсулин.

Лесен почеток
- Уредот за персонално управување (PDM) или EasyPatch апликацијата ви овозможуваат испорака на болус од далеку.
- Базалната испорака на инсулин продолжува и кога пумпата не е во конекција со уредот за персонално управување (PDM) или EasyPatch апликацијата.
- Можете лесно да поставите повеќе базални обрасци, вклучувајќи и нулта обрасци, како и претходно програмирани опции за болус и привремени базални обрасци.
- Доколку е потребно опција за целосно прекинување на испораката на инсулин
Флексибилна испорака на болус со помош на вградениот болус калкулатор
Испорака на болусни единици инсулин, без прекини во секојдневните активности
Опции за Нормална, Комбинирана или Проширена испорака во зависност од изборот на храна и активноста
Можност за корекции , без потреба да престанете со активностите


Можност за интеграција со Medtrum TouchCare Nano CGM системот
Нано пумпата има можност за хибриден систем со затворена јамка опремен со алгоритам за вештачки панкреас кој овозможува автоматска испорака на инсулин 24/7 во интеграција со MedtrumTouchCare Nano CGM системот.
Лесна за употреба, со беспрекорна интеграција за функција за автоматско суспендирање без постојана интеракција за болусирање, корективни дози, суспендирање.