Medtrum апликации
Комплетна гликемиска контрола и следење секогаш на дофат на рака.


EasySense апликација
- Инсталирајте ја мобилната апликација Easy Sense ако користите Medtrum TouchCare CGM самостојно, без инсулинска пумпа.
- Бидете во тек со вашите гликемиски вредности во секое време, каде било, само со помош на вашиот мобилен телефон или паметен часовник.
- Можноста за прилагодување на целните вредности на гликемијата, алармите и предупредувањата за време на хипогликемија и хипергликемија се само некои од предностите на оваа апликација.
- Сите податоци од апликацијата лесно може да се споделат со членовите на семејството или лекарите преку апликацијата EasyFollow или веб-порталот EasyView.
EasyFollow апликација
- Мобилната апликација Easy Follow им овозможува на корисниците да споделуваат податоци од нивниот Medtrum TouchCare CGM систем или инсулинска пумпа со своите најблиски.
- Читањата на гликозата во крвта од вашиот Medtrum TouchCare CGM систем или инсулинска пумпа се пренесуваат во реално време, дозволувајќи им на членовите на семејството, старателите или членовите на медицинскиот тим да реагираат навремено.
- Корисниците на апликацијата EasyFollow можат да имаат увид во гликемиските податоци, да добиваат аларми и предупредувања во случаи на хипогликемија или хипергликемија на луѓето што ги следат.
- Бројот на следбеници е неограничен.

EasyView веб-портал

За корисници:
- EasyView е портал до кој можете да пристапите од вашиот компјутер, а ви овозможува да ги прегледате податоците од работата на вашата инсулинска пумпа и Medtrum TouchCare CGM системот.
- Преку порталот EasyView ќе имате пристап до лесно разбирливи извештаи, аналитика за испорака на инсулин и настани.
- Идеално решение за корисници на инсулинска пумпа и Medtrum TouchCare CGM систем на кои им е потребна консултација со повеќе лекари од различни клиники.
- На овој начин можете да имате подобар увид во вашиот напредок.
За лекари:
- Веб-портал наменет за лекари.
- EasyView е создадена за професионална употреба и овозможува далечинско следење на гликемијата во реално време.
- Контролата со вашиот лекар сега ќе биде можна од далечина. Вашиот лекар треба да ја преземе апликацијата EasyView на неговиот комјутер и да ви испрати барање преку апликацијата за да се одобри далечински мониторинг. Во секое време, можете да го исклучите далечинското следење или да го промените лицето на кое му е одобрен пристап.
Apple паметен часовник
- Мобилните апликации Medtrum се достапни на Аpple паметниот часовник.
- EasySense на Apple паметниот часовник обезбедува прикажување на гликемиските вредности во реално време
- EasyFollow на Apple паметниот часовник им овозможува на членовите на семејството и старателите преглед на статусот на инсулинската пумпа, Medtrum TouchCare CGM системот и аналитиката.
Забелешка: Компанијата Medtrum континуирано ја тестира и проширува базата на компатибилни паметни часовници.


ЕаsyPatch апликација
Првата комерцијално достапна инсулинска пумпа без катетри која може да се контролира со помош на вашиот паметен телефон.
Корисниците на Medtrum инсулинската пумпа имаат опција да ја контролираат својата инсулинска пумпа без катетри (и интегриран CGM систем) со помош на нивниот паметен телефон.
Не треба да носите посебен уред за управување со инсулинската пумпа (PDM).
Повеќе слобода и погодност за достава на болус преку вашиот телефон со апликацијата EasyPatch.
Листа на компатибилни Android и IOS уреди
