Medtrum TouchCare Nano Pump

  • Најмала, најлесна patch инсулинска пумпа без катетри

  • Водоотпорна и дискретна

  • За контрола на инсулинската пумпа изберете дали ќе го користите вашиот паметен телефон (преку EasyPatch App) или уредот за персонално управување PDM (Personal Diabetes Manager).

  • До 3 дена континуирана администрација на инсулин што заменува повеќекратни дневни инјекции

  • Инсулинската пумпа може да се носи на надлактица, абдомен, долниот дел на грбот или бутовите, односно на сите места на кои може да се аплицира инсулин

  • Нема заплеткување на катетрите како кај останатите  инсулински пумпи

  • Лесно програмирање и испорака на индивидуалните базал-болус потреби на инсулин.

Лесен почеток

  • Уредот за персонално управување (PDM) или EasyPatch апликацијата ви овозможуваат испорака на болус од далеку.
  • Базалната испорака на инсулин продолжува и кога пумпата не е во конекција со уредот за персонално управување (PDM) или EasyPatch апликацијата.
  • Можете лесно да поставите повеќе базални обрасци, вклучувајќи и нулта обрасци, како и претходно програмирани опции за болус и привремени базални обрасци.
  • Доколку е потребно опција за целосно прекинување на испораката на инсулин

Флексибилна испорака на болус со помош на вградениот болус калкулатор

  • Испорака на болусни единици инсулин, без прекини во секојдневните активности

  • Опции за Нормална, Комбинирана или Проширена испорака во зависност од изборот на храна и активноста

  • Можност за корекции , без потреба да престанете со активностите

Можност за интеграција со Medtrum TouchCare Nano CGM системот

  • Нано пумпата има можност за хибриден систем со затворена јамка опремен со алгоритам за вештачки панкреас кој овозможува автоматска испорака на инсулин 24/7 во интеграција со MedtrumTouchCare Nano CGM системот.

  • Лесна за употреба, со беспрекорна интеграција за функција за автоматско суспендирање без постојана интеракција за болусирање, корективни дози, суспендирање.

Scroll to Top