Политика на приватност

Оваа политика за приватност има за цел на јасен, недвосмисле и транспарентен начин да Ве информира за начинот на собирањето, употребата, чувањето и обработката на личните податоци на посетителите на нашата веб страница, како и потрошувачите и корисниците на нашите услуги и продукти.

ШТО СЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ?

Личен податок е секоја информација која што се однесува на Вас како физичко лице, на пример: име и презиме, единствен матичен број, телефонски број, податоци за локација, идентификатор преку интернет, податоци од финансиска природа како кредитна картичка за купување на одредени производи, односно личен податок е секоја информација преку која одредено физичко лице може да се идентификува директно или индиректно.

КОЈ Е ОДГОВОРЕН ЗА ОБРАБОТКАТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ?

Кубис Медикал дооел,  Скопје со седиште на бул. Борис Трајковски 60А, П. Фах 786, Скопје,  е контролор до кој може да бидат доставени Вашите лични податоци, а со цел да се реализира односот со Вас и да одговориме на Вашите барања.

Доставувањето на било каква информација или содржина од страна на Вас како субјект на личните податоци (во понатамошниот текст Корисник) е доброволно и е предмет на Условите за користење кои се составен дел на оваа Политика за приватност (во понатамошниот текст “Политика”).

Со Политиката се уредува правото на приватност и сигурност на личните податоци кои се предмет на обработка. Ве молиме прочитајте ја Политиката и повремено проверувајте ја истата бидејќи го задржуваме правото да ја менуваме согласно нашите активности и настанати промени.

Доколку имате прашања во врска со точките што се опфатени со оваа Политика, слободно можете да го контактирате нашиот Офицер за заштита на личните податоци, Славица Китановска на следниот email: slavica.kitanovska@cubismedical.com.mk и/или на телефонскиот број 02/2744420.

Со Вашата регистрација и најавување на нашата веб страна, изјавувате дека сте запознаени и согласни со содржината на нашата Политика на приватност.

ЧИИ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ СОБИРАМЕ?

Ние можеме да собираме податоци поврзани со следниве категории на лица:

  • Посетители на нашата  страница www.medtrum.mk, потенцијални потрошувачи и
  • Потрошувачи и  корисници на услуги и продукти.

КОИ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ГИ ПРИБИРАМЕ?

Податоци за идентификација: име, презиме, е-пошта.

Вашите лични податоци ние ги обработуваме во согласност со позитивните законски прописи во Република Северна Македонија.

ЗА КОЈА ЦЕЛ ГИ КОРИСТИМЕ ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ?

  • Да одговориме на прашања во врска со нашите производи и услуги, други барања, предлози, поплаки.

ПРАВЕН ОСНОВ ЗА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Секогаш кога ги обработуваме Вашите лични податоци, ние за таа обработка имаме правен основ. Правниот основ за обработката на Вашите лични податоци може да биде:

  • Вашата согласност – Ова се однесува кога Вие ги обезбедувате Вашите лични податоци и се согласувате ние да ги обработуваме со цел да Ви обезбедиме конкретна услуга, на пример,
  1. Може да складираме одредени колачиња на Вашиот уред. Колачиња се мали текстуални датотеки кои се сместуваат во Вашиот уред од страна на веб страните кои ги посетувате. Може да поставиме аналитички колачиња (овие се исто така познати како колачиња за изведба и ја мерат/снимаат Вашата интеракција со нашата страница за да можеме да направиме подобрувања) на Вашиот уред.
  • Нашите легитимни интереси – Ова се однесува кога Вие ни ги обезбедувате Вашите лични податоци и ние ги користиме за:
  1. Може да ги користиме Вашите лични податоци за да се осигураме дека нашата веб-страницa функционира соодветно и е безбедна и сигурна.
  2. Да одговориме на Вашите прашања и барања.
  3. Остварување на било какви правни барања.
  • За да почитуваме одредена законска обврска – Ова се однесува кога Вие ни ги давате Вашите лични податоци кои ние треба да ги чуваме поради наши правни причини .

КОЈ МОЖЕ ДА ИМА ПРИСТАП ДО ПОДАТОЦИТЕ?

Ние можеме да ги споделиме Вашите лични податоци во рамки на нашата компанија ако тоа е потребно за исполнување на погоренаведените цели, а врз основа на нашите законски обврски и одговорности во врска со заштитата на личните податоци. Би сакале да потенцираме дека со споделувањето на Вашите лични податоци во рамките на нашата компанија ние не вршиме продажба на Вашите лични податоци, туку само ги споделуваме заради правилно, навремено и соодветно исполнување на целите заради кои ги собираме истите.

Вработените кои што вршат обработка на Вашите лични податоци се обучени да работаат и постапуваат согласно со законските одредби за заштита на личните податоци и интерните акти за заштита на лични податоци и обврзани се истите да ги почитуваат. Секое лице кое што има пристап до Вашите лични податоци е обврзано да ја заштитува тајноста на податоците и да постапува согласно упатствата на Контролорот во согласност со важечките законски прописи за заштита на на личните податоци. Само лицата кои што се овластени имаат пристап до Вашите лични податоци, до оној степен потребен за извршивање на нивните работни задачи или ангажман. Секое лице кое што има пристап до Вашите податоци има потпишано изјава со која се обврзува на тајност и заштита на личните податоци при нивната обработка.

Вашите лични податоци нема да бидат проследени на користење на трети лица освен ако за тоа има согласност од Ваша страна или ако за тоа постои законска обврска.

ПРЕНОС НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Личните податоци нема да се пренесуваат во трети држави надвор од Европската Унија или Европскиот економски простор.

Во случаите кога нашата компанија пренесува лични податоци во трети држави надвор од границите на Европската Унија или Европскиот економски простор преземаме соодветни мерки да осигураме дека при преносот се применува соодветно ниво на заштита на личните податоци, преку склучување на договори за обработка на личните податоци (стандардните договорни клаузули издадени од Европската Комисија или од Агенцијата за заштита на личните податоци, други договорни клаузули или заштитни механизми).

КОЛКУ ВРЕМЕ ЌЕ СЕ ЧУВААТ ПОДАТОЦИТЕ?

Ние ќе ги чуваме Вашите лични податоци, онолку колку што е потребно за да можеме да Ви ја обезбедиме побараната услуга/и или за да ги задоволиме комерцијалните и законските обврски. За да го определиме периодот на задржување на Вашите лични податоци, земаме во предвид неколку критериуми за да се осигураме дека не ги чуваме Вашите лични податоци подолго од потребното. Тие критериуми се следните:

  • Целта поради која ги држиме Вашите лични податоци;
  • Нашите законски и регулаторни обврски поврзани со тие лични податоци.
  • Секое конкретно барање од Ваша страна во врска со бришењето на Вашите лични податоци; и
  • Нашите легитимни деловни интереси во врска со управувањето со нашите сопствени права, на пример, одбрана на какви било правни побарувања.

Кога повеќе нема да имаме потреба да ги користиме Вашите лични податоци, истите ќе бидат отстранети од нашиот систем и евиденција, или ќе бидат анонимизирани за повеќе да не можете да бидете идентификувани преку нив.

ПРАВА НА СУБЈЕКТИТЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Вие како субјекти на лични податоци ги имате следните права:

  • Право да бидете информирани за обработката на Вашите личните податоци;
  • Право на пристап до личните податоци и нивна копија;
  • Право на исправка и бришење на личните податоци ако се нецелосни и неточни, се обработуваат на незаконски начин и целта на нивната обработка е исполнета;
  • Право на ограничување на обработката на личните податоци, ако ја оспорувате нивната точност за времето кое е потребно да ја провериме нивната точност, обработката е незаконска, но се спротивставувате на нивно бришење и барате ограничување на нивната употреба, нема потреба да бидат повеќе зачувани од наша страна, но се потребни за остварување на  Ваши правни барања, се спротивставувате на нивната обработка врз основа на наши легитимни интереси се додека не се потврди дека истите преовладуваат над Вашите интереси како субјект на лични податоци;
  • Право на приговор за обработката на личните податоци кога тие се обработуваат врз основа на наш легитимен интерес.

За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот Офицер за заштита на личните податоци Славица Китановска на следниот e-mail: slavica.kitanovska@cubismedical.com.mk и/или на телефонскиот број: 02/2744420.

ПРАВО НА ПРИГОВОР ДО АГЕНЦИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Вие имате право да поднесете приговор до Агенцијата за заштита на личните податоци (АЗЛП) против обработката на Вашите лични податоци доколку сметате дека Ви е повредено правото на заштита на личните податоци. Ова право можете да го остварите преку поднесување на Барање до АЗЛП, преку следниот контакт email: info@privacy.mk или со посета на нивната веб страна: https://dzlp.mk/prizlnlp.

ПРОМЕНА НА ПОЛИТИКАТА НА ПРИВАТНОСТ

Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности.

 

Scroll to Top