Medtrum TouchCare CGM
- Минијатурен и флексибилен сензор кој во реално време, континуирано го мери нивото на гликоза до 14 дена
- Лесно и безболно поставување
- Пренос и пратење од далечина 24 часа дневно, со помош на Android или IOS телефон
- Можност за пратење на Apple или друг паметен часовник
- EasySense апликацијата овозможува континуирано пратење 24 часа дневно
- EasyFollow апликацијата овозможува пристап до мерењата на гликемијата на вашите најблиски
- Споделете информации за движењето на гликозата со здравствените работници преку веб-порталот EasyView
- Трансмитер со батерија која се полни
- Водоотпорен дизајн

Medtrum TouchCare CGM
Medtrum TouchCare CGM системот се состои од:
Сензор кој на секои 2 минути односно 720 пати во текот на денот ја регистрира вредноста на гликозата и податоците ги префрла на трансмитерот.
- Модел: MD3026
- Температурен опсег на складирање: +2°C~+30°C
- Опсег на релативна влажност на складирање: 20% ~ 90%
- Атмосферски притисок на складирање: 700~1060 hPa
- Опсег на гликоза: 2,2~22,2 mmol/L (40~400 mg/dL)
- Времетраење на сензорот: до 14 дена
Трансмитер кој прибира податоци за движењето на гликемијата од сензорот, ги препраќа преку Bluetooth конекција до мобилната апликација на вашиот паметен уред (телефон со Android/IOS систем, паметен часовник).
- Модел: MD1026
- Големина: 36,1 mm x 19,4 mm x 7,2 mm
- Тежина: 3,57 g
- Опсег на работна температура: +5°C ~+40°C
- Батерија: Вградена 3,7 V полимерна литиум-јонска батерија која работи до 3 месеци без полнење.
- Оценка за водоотпорност: IPX8 (2,5 m, 60 min)
- Складирање податоци: автоматски ги зачувува податоците за изминатите 14 дена
- Растојание на безжична комуникација: 10 метри
- Гаранција: 1 година
Мобилната апликација EasySense овозможува прикажување на податоци за динамиката на движење на гликозата, поставување на аларми во случај на хипо или хипергликемија и други функции.
Минијатурен, флексибилен сензор
- Неприметен филамент кој е поставен поткожно
- 720 отчитувања на гликемијата во денот
- Време на траење на сензорот е до 14 дена


Компактен и дискретен трансмитер
- Нема ризик од загуба на податоци
- Евидентира и препраќа податоци до апликација
Водоотпорен дизајн
- Секогаш и секаде со вас: пливање, туширање, спортски активности
Уживајте во грижата 24 часа на ден со Medtrum TouchCare CGM системот
- Следењето на гликозата во реално време ви овозможува континуирано да ја следите вашата гликоза во текот на денот
- Автоматски пренос на податоци
- Целосните статистички податоци и графикони ви помагаат подобро да ја разберете динамиката на движењето на гликозата во однос на вашите навики и на тој начин да ја подобрите контролата на гликемијата
- Споделете информации за вредноста на гликозата со најблиските и здравствените работници преку мобилните апликации EasyFollow и EasyView


Начинот на следење зависи само од вас
- Android
- iOS
- Apple паметен часовник